Меркел повика на забрана за носење бурки во Герменија

Date:

Share post:

Германската канцекарка Ангела Меркел денеска повика на воведување на забрана за носење бурки во Германија, нагласувајќи дека таа поддржува општа забрана за прекивање на лицата.

– Прекривањето на лицата мора да биде целосно забрането, секаде каде што е тоа можно законски, изјави Меркел во обраќањето на Конгресот на нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ), што се одржува во германскиот град Есен.

burka-and-angela-merkel-704249Ваквата изјава на Меркел, како што јавија германските медиуми, предизвика громогласен аплауз на присутните делегати и гости на Конгресот на ЦДУ.

Меркел натаму во своето обраќање нагласи дека е решена во својот став да не дозволи повторување на нов мигрантски прилив во Германија, сличен на оној од минатата година.

– Таква состојба не смее да се повтори. Тоа беше и остана наша и моја политичка цел, порача Меркел.

На Конгресот на ЦДУ се очекува Меркел да биде резибрана за лидер на партијата за наредните две години.

Иако Меркел е единствен кандидат за лидер на ЦДУ, гласањето сепак претставува тест за ставот на членството на партијата кон неа.

Во текот на претходната година, ЦДУ се соочи со тензии поради пристапот што го имаше Меркел кон бегалската криза, но и по низата лоши резултати на регионалните избори.

Германската канцеларка за телевизијата АРД во пресрет на Конгресот изјави дека очекува „пристоен резултат“. Таа пред две години доби поддршка од 96,7 отсто од делегатите, што претставува еден од нејзините најдобри резултати.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...