Верски календар: 05 Декември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Саба.
Покрај свети Пахомија и свети Базилија, тој е еден од најголемите основачи и двигатели на монашкиот живот на Исток. Роден е во Кападокија, во Мала Азија. Евангелските зборови: “Ако сакаш да бидеш совршен, продади се што имаш и на сиромашните да им дадеш пари, па ќе бидеш блажен на небото!” – толку силно делувале на него, така што го прифатил монашкиот живот. Свети Саба умрел во длабока старост, на 92 години. Како светец се прославил и во источната и во западната црква.

