Почетна Вести Значајни инвестиции за реставрација на историски објекти од османлискиот период
Значајни инвестиции за реставрација на историски објекти од османлискиот период

Значајни инвестиции за реставрација на историски објекти од османлискиот период

89
0

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) која во Македонија e активнa од 2006 година, досега има спроведено 502 проекти во неколку области, на полето на образованието, здравството, инфраструктура и културното наследство.

tikaКоординаторот на ТИКА во Скопје, Теоман Тирјаки, во разговор за АА зборува за проектите што ги спроведува ТИКА како институција.

ТИКА, им придава големо значење и на историските објекти кои се наследство од османлискиот период и врши реставрација на голем дел од џамиите во земјата, првенствено на џамиите во Скопје.

Координаторот Тирјаки потсети дека минатиот месец започнале работите околу реставрацијата на џамиите „Султан Мурат“, „Исхак Беј“ (Алаџа) и „Хусеин Шах“, трите во Скопје.

„Се надеваме дека реставрацијата на овие 3 џамии ќе заврши за две години, по што тие повторно ќе бидат пуштени во употреба. Покрај тоа, потребно е да се изврши проектирање на работите. По завршувањето на реставрацијата на овие џамии, во тек е изработка на проекти за реставрацијата на џамиите „Фатих Султан Мехмет“ во Дебар, „Мустафа Паша“ во Скопје и „Хусаметин Паша“ во Штип, и по нивното завршување, ќе започнеме со работите околу нивната реставрација.

Тирјаки исто така додаде дека во изминатиот период завршиле со реставрација на џамијата „Исхакије“ во Битола, „Мустафа Кебир Челеби“ во Струга и „Махмут Ага“ во Штип.

/А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *