Верски календар: 06 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Преображение Господово.
Свети Мојсиј и свети Илија како претставници на Стариот завет и свети Петар, свети Јаков и свети Иван од Новиот завет биле сведоци на Исусовата слава. Апостолите од Новиот завет биле сведоци на Исусовото понижување и маките кои ги претрпел на Велики петок. Гледајќи толкава слава на Преображението Исусово, нивното срце се наполнило со радост и големо верување.

