Во Франција за седум месеци се затворени 20 џамии

Date:

Share post:

Француските власти од декември минатата година затвориле околу 20 џамии и простории за молитва, за кои е утврдено дека во нив се проповедал радикален ислам, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.

dzamija francija 2– Во Франција нема место за оние кои повикуваат на омраза или ја поттикнуваат во простории за молитва, ниту за оние кои не почитуваат одредени републикански принципи, првично оние кои се однесуваат на еднаквост меѓу мажи и жени, истакна Казнев.

– Затоа пред неколку месеци донесов одлука за затворање на џамии по пат на примена на вонредна состојба, законски или административни мерки. Околу 20 џамии досега се затворени, а ќе има уште, нагласи Казнев по средбата со лидерите на Францускиот совет за муслиманска вера.

Во Франција има околу 2.500 џамии и простории за молитва, од кои за околу 120 се смета дека во нив се проповеда радикален ислам.

Министерот додаде дека од 2012 година од Франција се протерани 80 луѓе, а во тек се протеривања на уште некои.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...