Почетна Репортажа Видео Божјата убавина распосплана на Водно- нова црква во Нерези

Божјата убавина распосплана на Водно- нова црква во Нерези

520
0

Во непосредна близина на манастирот Св. Пантелејмон во Горно Нерези, повеќе од еден век постои црквичка посветена на светиот пророк Илија.

crkva-nereziНа местото на црквата постоел крст со векови наназад, каде според кажувањата на постарите Нережани, наспроти празникот Св. Илија свештеникот крштевал вода, а жените нережанки делеле од своите домашни производи.

Традицијата продолжила и во 1887 година кога над самиот крст била подигната помала црквичка каде верниците го прославувале празникот. Како одминувало времето се јавила потреба и за помошни простори, заради тоа, селаните од Нерези потпомогнати од извесни бизнисмени во 2008ма година го поставија камен темелникот на новата црква Св. Пророк Илија.

Црквата е во завршна фаза, а нејзиното осветување е закажано за 22-ри октомври годинава. По повод празникот Св. Илија , во црквата се постави богата трпеза со манастирско гравче, каде посетителите уживаат не само во македонската музика и вкусната храна, туку и во Божјата убавина распосплана на Водно.

Мештаните посакуваат да никнат уште многу вакви убави храмови во нашата преубава земја и ги канат сите да ја посетат и да ја видат оваа црква.

Прилогот на КАНАЛ 5 телевизија, погледнете го во продолжение.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *