Заврши шестиот летен камп по веронаука во Бигорски и Рајчица

Date:

Share post:

Во познатото македонско древно светилиште Бигорскиот манастир и неговиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, заврши шестиот летен камп по веронаука.

Според сестрите од манастирот во Рајчица, оваа недела Бигорски и Рајчица ја поминале во атмосфера на детска радост и љубов.

– Вкупно 43 дечиња од Ресен, Тетово и Скопје ја надополнуваа благодатната летна хармонија во манастирите. После петдневниот престој исполнет со молитва, послушание, веронаука, забава и дружење, децата имаа заедничка средба со нашиот, архимандрит Партениј, на кого му ја искажаа сета своја одушевеност и благодарност.  Пред испраќање, архимандрит Партениј уште еднаш ги посоветува да бидат проповедници на љубовта Божја, апостоли меѓу нивните другарчиња и роднини, на кои, преку добрите дела и радоста, ќе им покажат дека Бог навистина е љубов, велат сестрите од Рајчица.

Ова лето ќе се одржат вкупно девет летни кампови по веронаука. До сега во двата манастира престојуваа над 220 деца од повеќе градови од државава. Во текот на петдневниот престој тие се запознаваат со највозвишената наука за Бога, знаењето за љубовта, верата, надежта, радоста, а учествуваат и во практични манастирски задолженија.

Во среда почнува седмиот летен камп, кога манастирски гости ќе бидат деца од Прилеп.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...