Верски календар: 11 февруари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Благословена Девица Марија Лурдска.
Во 1858 година Мајката Божја и се прикажала на Бернарда, девојка од Лурд, во Франција. “Јас сум безгрешен зачеток”, рекла Марија. Четири години пред тоа, во 1854 година, папата Пио Деветти ја прогласил Марија дека е безгрешно зачната, со зборовите: “Поради предвидената смрт на својот Син, Господ ја ослободил Марија од клеветите на источниот грев”. Од тогаш, па до денес Лурд ги повикува луѓето на молитва, покор и обраќање. Годишно Лурд го посетуваат милиони луѓе. При обраќањето на Мајката Божја таму се случиле многу чудесии: многу тешко болните луѓе оздравеле, а големите грешници се промениле и станале добри луѓе. Лурдските прикажувања на Мајката Божја ги потикнуваат христијаните на свет живот, скромност, подготвеност за жртва и на молитва и љубов кон болните и сиромашните.