Заседание на Светиот синод на Романската православна црква во Букурешт

Date:

Share post:

Во петокот, во салата „Патријарх Теоктист“ на Патријаршискиот дворец во Букурешт се одржа работна седница на Светиот синод на Романската православна црква, под претседателство на патријархот Даниел.

На седницата беа донесени повеќе одлуки поврзани со пастирската и мисионерската дејност на Црквата. Светиот синод одлучи 2027 година да биде прогласена за „Свечена година на соработката меѓу свештенството и мирјаните во животот и мисијата на Црквата“, како и за „Спомен-година на патријарсите Јустинијан Марина (1948–1977) и Теоктист Арапашу (1986–2007)“ во рамките на Романската патријаршија.

Синодот го разгледа и извештајот на Канцеларијата на Светиот синод за организацијата, текот и јавниот одек на осветувањето на иконографијата на Националната катедрала, кое се одржа на 26 октомври 2025 година.

Беа одобрени и нацрт-литургискиот текст за службата на Соборот на светите романски жени, кој ќе се празнува на третата недела по Пасха, како и литургиски текстови за дванаесет романски светителки канонизирани на седницата од 1–2 јули 2025 година. Станува збор за девет богослужбени служби, еден акатист и два молебни канони, посветени на новопрославените свети жени.

Дополнително, Светиот синод одобри и шест икони посветени на романски светителки, кои ќе се користат во богослужбениот и литургискиот живот на Црквата.

На седницата беше усвоен и концептот за организација на Меѓународната средба на православната младина – ИТО 2026, која ќе се одржи во Букурешт од 31 август до 3 септември 2026 година.

Синодот беше информиран и за практичните начини за спроведување на националниот проект „Свети пророк Илија Тесвитјанин“ – младински центар за активности, чија цел е спречување на раното напуштање на образованието кај деца од ранливи и изолирани средини, како и нивна подобра подготовка за современиот живот и интеграција во општеството.

Во рамките на истата седница беа претставени и две нови издавачки дела: Синодалниот синаксар на Романската православна црква во 13 тома, кој за секој светител содржи икона, кондак, тропар и житиен опис, како и десеттиот том од Годишникот на Светиот синод за 2025 година.

Прес-служба на Романската патријаршија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img