Вучиќ го прими орденот од СПЦ и доби прекар новомаченик

Date:

Share post:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград беше одликуван со Орденот на новомачениците бихачко-петровачки, кој му го предаде епископот бихачко-петровачки на Српската православна црква, Сергиј.

Вучиќ наведе дека ова признание не го прима како лично возвишување, туку како печат на духовно заедништво и како сведоштво дека секој, од своето место, е повикан заеднички да го носи бремето на времето.

„Примајќи го ова одликување, чувствувам дека тоа ја надминува секоја лична мера. Тоа е повик на уште поголема одговорност. Сè што правевме, го правевме поради верата, љубовта и надежта за нашиот народ и неговата иднина“, истакна, меѓу другото, претседателот.

Епископот Сергиј му го врачи Орденот на новомачениците бихачко-петровачки на Вучиќ „за покажаното добротворство и големата љубов кон таа епархија и манастирот Рмањ“, се наведува во соопштението.

Сепак овој потег на СПЦ беше дочекан со потсмев во српската јавност. На социјалните мрежи вријат коментари во кои СПЦ е дефинирана како продолжена рака на режимот. За Вучиќ пак потсмевот оди до таму што веднаш беше прогласен за новомаченик.

-Богохулство или потсмев кон жртвите – како симболите на верата и страдањето се злоупотребуваат во политиката. На жив политичар на власт му се доделува орден „на новомаченици“. За верниците, ова е облик на тешко светогрдие, бидејќи грешен човек се изедначува со божественото. Дно, е само еден од коментарите на социјалните мрежи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img