Во деновите на велигденскиот пост, честопати се разменуваат рецепти за посна храна. Религија.мк, следниот период ќе се обиде да ви презентира неколку идеи што вкусно да подготвите дома, а да не го нарушите постот, секако ако сте се одлучиле да постите.
Посна паштета
За ова јадење не ви е потребно многу. Се можете да набавите во најблискиот маркет.
Дозата можете сами да си ја одредите, ние како ориентир ви го даваме следниот рецепт.
100 грама маслинки без коски
150 грама свежи печурки (шампињони)
2 лажици печен сончоглед
1 неколку печени бадеми
1 лажица сусам
Мала кесичка сенф
Зачини по вкус (ние ви препорачуваме малку пикантен буковец)
Се ова ставете во блендер и мелете, по потреба (доколку сместа станува сува) додадете многу малку вода за да ја добиете саканата густина.
Останатото е во потпечено лепче.

