Велигден го честитаа Македонците од Албанија

Date:

Share post:

Македонците од Албанија го честитаа Воскресението христово – Велигден. Во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана честитката ја испрати Никола Ѓурѓај, во која посочува дека како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, аво нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина.

-На Воскресението Христово – Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отврете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас. – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here