Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово беше еден од ретките политичари кои дојдоа на утринската Воскресна литургија во Соборниот храм во Скопје.
Ѓорѓиески во честитката за велигден напиша: „Со вера во срцето, тие дојдоа да ја споделат најрадосната вест, да се причестат и да бидат поблиску до Бога, исполнети со надеж, љубов и мир. Велигден е празник над празниците, темелот на нашата вера и вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината и на надежта над очајот. Ден кога човештвото ја добива најголемата утеха и најсилната порака, дека љубовта Божја е посилна од сè и дека секое страдање има своја смисла, а секоја жртва, своја светлина. Без молитва, без пост и без искрено покајание, човекот тешко може да го пронајде вистинскиот мир во себе. Деновите што изминаа беа време на тишина, преиспитување и духовно очистување, пат што нè води кон обновување на душата. Токму затоа денес, со чисто срце и отворена душа, го славиме Воскресението Христово, носејќи ја во себе радоста што нè обединува и нè прави подобри луѓе. Нека овој светол празник ни донесе здравје, љубов и благосостојба, нека ни ја зацврсти верата и нека нè поттикне на добрина, разбирање и човечност. Да си подадеме рака еден на друг, да простиме, да помогнеме и да продолжиме напред со надеж и вера. Христос Воскресе!, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
