Ватиканскиот „министер за економија“ обвинет за педофилија

Date:

Share post:

Префектот на ватиканскиот Секретаријат за економија, австралискиот кардинал Џорџ Пел денеска ги демантираше обвиненијата против него за педофилија, што ги изнесе австралискиот весник „Хералд Сан“.

– Таквите тврдења се неосновани и целосно лажни, се наведува во соопштението на кардиналот.

„Хералд Сан“ објави дека полицицијата на австралиската држава Викторија го истражува обвинението од пред една година против кардиналот Пел дека злоставувал момчиња на возраст од пет до 10 години,

Пел (74) тврди дека информациите  на „Хералд Сан“ имаат за цел да го оцрнат него и целата Католичка црква.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img