Во Синодалната сала на Митрополитскиот дом при храмот „Св. Архангел Михаил со златни куполи“ во Киев, се одржа редовна седница на Светиот синод на Православната црква на Украина.
Синодот го сослуша извештајот на митрополитот киeвски и на цела Украина Епифаниј за неодамнешната посета на делегација на Православната црква на Украина на Вселенската патријаршија, при што беше одбележана седмата годишнина од доделувањето на Томосот за автокефалност. Членовите на Синодот ја оценија посетата како значаен духовен настан и изразија благодарност до Вселенскиот патријарх Вартоломеј, како и до украинските дипломатски претставници во Константинопол за поддршката при нејзината организација.
Во рамки на седницата беа разгледани и понатамошните чекори за надминување на црковните поделби во Украина. Синодот констатира дека и покрај повеќегодишните повици за дијалог со јерархијата, свештенството и верниците кои остануваат надвор од заедништво со Православната црква на Украина, досега не е добиенконструктивен одговор. Сепак, беше нагласена подготвеноста и понатаму да се работи на постигнување црковно единство согласно канонскиот поредок и Томосот за автокефалност. Со таа цел, Светиот синод донесе одлука за формирање Синодска комисија за дијалог, чија работа ќе ја координира митрополитот Епифаниј. Исто така, беше усвоен текст на официјален апел до православните верници, свештеници и архиереи во Украина кои сè уште се поврзани со позициите на Московската патријаршија.
Синодот донесе и одлуки од канонски и кадровски карактер. Василивските маченици беа вклучени меѓу локално почитуваните светители на Тавриската епархија, со празник утврден на 26 април. Воедно, беа извршени архијерејски преместувања: Синодот, со негова согласност, го ослободи од управувањето со Виничко-барската епархија митрополитот Симеон, а исто така и архиепископот Павло управувањето со Хмелницката епархија. Воедно го избра епископот Симеон (Шостатски) за митрополит Хмелницки-Шепетивски, доверувајќи му го управувањето со Хмелницката епархија. За возврат, епископот Павло (Јуристиј) беше избран за архиепископ Виничко-барски, преземајќи го раководството на Виничко-барската епархија на Православната црква на Украина.

