Бигорскиот манастир и годинава беше највеличественото место за прославата на Велигден. Неколку илјади луѓе дојдоа за Воскресението Христово во манастирот кој станува македонската Света Гора.
Тука беа и министерот за внатрешни Оливер Спасовски, кој ја искористи можноста да се причести по 49 дневниот пост, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, како и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
И покрај масовноста, прославата на Велигден се одвивала како под конец во организација на монасите и монахињите од Бигорски. Сите заедно потоа биле дел од традиционалната заедничка трпеза, кршејќи ги првите велигденски јајца.
Погледнете ја мега галеријата низ објективот на Бигорски.

















































































