Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, упати честитка до антиохискиот патријарх Јован X по повод годишнината од неговото патријаршиско востоличување.
Обраќајќи му се со братска љубов во Христа, патријархот Кирил му ги пренесе своите срдечни честитки по повод овој значаен јубилеј во животот и служењето на поглаварот на Антиохиската црква.
Во пораката се истакнува дека, по мудрата промисла Божја, патријархот Јован X бил поставен на чело на Црквата Божја на древната антиохиска земја, осветена со трудовите и проповедта на врховните апостоли Петар и Павле и на многу други светители. Следејќи го нивниот пример, се наведува во честитката, патријархот Јован X го полага својот живот за повереното му паство, неуморно се грижи за духовните потреби на верниците и им носи утеха на сите што се во жалост.
По повод празничниот ден, патријархот Кирил му посака на патријархот Јован X душевен мир, добро здравје, силна помош од Господа и понатамошен успех во неговото високо и одговорно првосвештеничко служење, за доброто на Црквата и за спасението на верниот народ.

