Американскиот Претседателот Барак Обама за прв пат во својот претседателски мандат ќе влезе во џамија во САД. Белата Куќа соопшти дека следната недела, в среда, ќе ја посети Џамијата во Балтимор, во знак на одбрана на верските слободи.
Истовремено ќе се одржи и тркалезна маса со муслиманската заедница.
Претседателот на САД за време на посетата на џамијата ќе ја потврди важноста на посветеноста кон основните вредности на САД и ќе се заложи за заштита на традициите на верските слободи, стои во соопштението на Белата Куќа.
Сепак ова не е прв пат Обама да посети некоја џамија. Тоа го правел кога бил во посета надвор од САД, но ова ќе биде прва негова посета на Џамија во САД.

