Во селото Рушени, во округот Њамц, едно семејство со десет деца го одбележа завршувањето на двегодишен проект со кој нивниот дом беше целосно обновен и опремен, а истовремено добија и возило прилагодено на потребите на големо семејство.
Проектот беше реализиран во рамки на „Дар за децата“, дел од Програмата за солидарност „Свети Стилијан“ за повеќедетни семејства, што ја спроведува Про-лајф одделот на Романска православна архиепископија на Јаши.
Семејството Рика брои 12 членови. Мајката, по професија наставничка, целосно се посветила на воспитувањето и образованието на децата, додека таткото обезбедува скромни приходи работејќи во фабрика. Првично, семејството живеело во стара куќа со две простории. По совет на нивниот парохиски свештеник, започнале изградба на нов дом, но поради ограничени средства, работите напредувале бавно. Во моментот кога биле вклучени во програмата, живееле во три недовршени простории, без кујна и бања.
Со поддршка од донатори, беа извршени сите зафати за довршување и опремување на домот. Дополнително, семејството доби комбе со девет седишта, неопходно за превоз на децата до училиште, лекарски прегледи и секојдневни обврски.
Од 2019 година наваму, Архиепископијата на Јаши има изградено или обновено домови за шест повеќедетни семејства во окрузите Јаши, Ботошани и Њамц, а моментално се работи и на седми ваков проект.

