Лице, за кое бугарски медиуми пишуваат дека е иподјакон Атанас Стефанов од БПЦ, предизвикало скандал во центарот на Софија, откакого запрелл службеното возило на министерот за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа свештеник, облечен во мантија и со крст во рацете, како стои пред возилото и не дозволува да продолжи со движење.
Атанас Стефанов го запрел службеното возило на министерката на централниот влез на Министерството за надворешни работи.
Во видеото се слушаат навредиливи и погрди зборови што ипоѓаконот ги упатува кон министерката. Стефанов побарал од министерката одговори во врска со користењето на авионот и побарал да се разјасни зошто државата се вовлекува во дејства поврзани со воена заштита.
View this post on Instagram

