Верски календар: 14 Ноември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Никола Тавелиќ.
Роден е во 1350 година во Шибеник. Како момче заминал во манастир. Кога станал свештеник, заминал во Босна да проповеда против кривоверците, Богомили и големото мнозинство на христијани кои ги вратил во вистинската вера. Потоа заминал во светата земја, во Ерусалим да ја проповеда христијанската вера меѓу муслиманите кои владееле во градот. Муслиманите го фатиле и го запалиле. За светец, маченик е прогласен во 1970 година. Му се молат верниците за истрајност во верата.

