Георги: Очекувам повторно да го видам Плаошник изграден како духовен центар

Date:

Share post:

Дебарско-кичевскиот митрополит Георги, кому овој Велигден ќе ми биде прв како митрополит, во интервју за Нова Македонија, вели дека очекува да гои види повтрони изграден Плаошник, место кое треба да прерасне во вистински духовен центар.

– Природната убавина со која Бог го дарил Охрид се надополнува со многубројните цркви и манастири, што го прави градот препознатлив во светот. Историските собитија го направиле и црковен, образовен и културен центар, значаен за многу народи, но најмногу за нашиот македонски народ. Оти во Охрид е вкоренет и изграден нашиот идентитет, тој е темелникот и стожерот, вдахновението и творението, нашиот лик пред себеси и пред светот. Токму затоа не ги кријам моите очекувања да го видам Плаошник повторно изграден, да биде вистински духовен центар не само поради неговото значајно историско наследство, туку поради способноста повторно да се истакне како живо духовно и културно средиште, место на поука и наука, на дискусии и дијалог, на сведоштво и на творештво, вели Георги во интервјуто за Нова Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here