Верски календар: 26 мај
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Телово-Пресвета Евхаристија
Телово, целосен назив-празник на Пресветото Тело и Крв Христова е католички празник. Се слави во четврток после празникот Пресвето Тројство. За Црквата тој е празник во спомен на основањето на Евхаристијата на Велики Четврток кога на последната вечер Христос на учениците им го дал Своето Тело и Крв под лебот и виното зборувајќи им „Ова правете го во мој спомен“. На Телово се слави Неговото постојано присуство под лебот и виното на Светата Евхаристија. Меѓу останатото, празникот се одбележува со процесии со Светото Причастие, носејќи го Исус во Светото Причастие.