Видинскиот митрополит на БПЦ, Пахомије бил гостин на епсикопот Делчевско-каменички Марко. Митрополитот од БПЦ сужел литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Каменица. Му сослужувал домаќинот епископот марко.
На Литургијата сослужуваа и архимандритите: Протосингелот Јоаким од Видинската епархија, архиерејскиот намесник Доситеј од Берковска духовна академија, бројно свештенство од Делчевско-каменичка епархија и протојереј Зоран Брндески од Келн, Германија. По читањето на Евангелие, Митрополитот г. Пахомија произнесе пригодна архипастирска беседа, во која ја протолкува евангелската перикопа за блудниот син, во која помеѓу другото истакна дека гордоста е главната причина за сите духовни падови, затоа во овој подготвителен период треба, секој од нас да се преиспита и да се преуми, бидејќи без смирение и покајание, постот и молитвата би биле залудни, стои во соопштението на епархијата.
Марко и Пахомије си размениле и подароци. Митрополитот Пахомија добил панагии, а епископот Марко добил икона со ликот на Свети Јован Рилски.

