Во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово во Битола беше промовирана книгата „Единствено во Бог е честа и славата“ од Поглаварот на Католичката црква во Македонија, Киро Стојанов-Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.
Промоторите потенцира дека оваа книга е збогатување на македонската теолошка хомилетска литература.
Евангелизација и Култура на читање. Бискупот во своите проповеди го толкува словото и ни го дава како храна, како навестување, кое нè проближува и воведува во животот со Господ. Пред сè во содржината на зборовите на бискупот присутна е библиска втемеленост, јаснотија во вистината на верата и пастирска одговорност. Бискупот охрабрува и поттикнува на одење со Господ. Тој сака да застанеме и да го отвориме срцето за вечноста. Интересно е да се забележи, дека бискупот во своите хомилии често поставува прашања, како би можел читателот да застане и да дозволи Светиот Дух да го води во длабочините, односно да биде свесен за себе. Оваа книга на проповеди на бискупот ја сметам за дел на евангелизацијата, бидејќи е навестување на Христовото воскресение, кое дава надеж на секој човек, вели Дон Давор, промотор на книгата.
Во оваа книга на 270 страници се сместени 60 проповеди за неделните литургиски читања од визинтиски обред,

