Американската и Српската црква разговарале за МПЦ

Date:

Share post:

Делегација  на Американската православна црква посетила три православни автокефални Цркви од средината на февруари до почетокот на март.  Разговарале со  Вселенската патријаршија, Бугарската православна црква и Српската православна црква.

Од официјалното соопштение на АПЦ, најинтересен момент е делот околу разговорите со СПЦ. АПЦ посочува дека нејзината делегација разговарала и за состојбата со Македонската православа црква. Од соопштението се чита дека за МПЦ, двете Цркви разговарале сами, без претставници на Македонската црква.

Неговата светост патријархот Порфирије ја угости делегацијата на вечера во парохискиот дом на катедралата Свети Сава. На собирот присуствуваа повеќе архиереи и свештенослужители на СПЦ, српски великодостојници, како и Неговото високопреосвештенство митрополитот Волоколамски Антониј, претседател на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија и протоереј Николај Балашов, потпретседател на СРДК, кои беа во посета на нивниот потпретседател на КРД. Нивната дискусија опфати теми меѓу кои делото и животот на Православната црква во Америка, сеправославната соработка во Северна Америка, Архиерејскиот собор, светското православие, Македонската православна црква, важноста на единството во Црквата и кризата во Украина, стои во соопштението на АПЦ.

Американската православна црква не е дел од прифатените автокефални цркви во Православието, иако Руската црква ја признава за автокефална.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Серафим од Слепче нов архимандрит – дали му се отвата патот за владика во Австралија?

Игуменот на Слепченскиот манастир Серафим е унапреден во архимандрит на МПЦ-ОА. Одлуката е донесена на синодската седница летово,...

Епифаниј и Филарет заедничка молитва за Украина

Митрополитот Епифаниј, поглавар на автокефалната Православна црква на Украина и Патријархот Филарет ги возобновууваат контактите. Имале две средби...

Судот пресуди – Тодор Петров јавно да му се извини на Николовски за сторена клевета

Основниот граѓански суд Скопје пресуди дека претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров извршил клевета со намера да...

Владиката Наум и владиката Кирил од Вселенската патријаршија служеа на Света Гора

Митрополитот Струмички Наум бил во посета на Света Гора, каде заедно со Митрополитот на Имврос и Тенедос Кирил,...