Куќа без темели

Date:

Share post:

Оној што не го става својот ум во процес на исцеление, преку послушание на својот духовен отец – Епископот на локалната Црква или на од него поставени и нему послушни духовници, и кој не ја насочува молитвено енергијата на својот ум кон нејзината суштина во срцето, таквиот напразно повикува: „Господи, Господи!“

Пишува: Наум Струмички

„И зошто ми велите: »Господи, Господи!« а не го извршувате она што ви го кажувам? Секој што иде при Мене и ги слуша зборовите Мои, и ги исполнува, ќе ви кажам на кого прилега. Тој прилега на човек, кој прави куќа, па ископа и продлабочи, и постави темели на камен; а кога настана поплава, реката напна на таа куќа и не можеше да ја помести, оти беше основана на камен. А оној што слуша и не исполнува, прилега на човек, што направил куќа на земја, без темели; и кога напна реката, веднаш ја урна, и паѓањето на таа куќа беше големо.”

Куќа без темел е исто што и некаков „духовен живот“ – што си фантазираме дека го градиме, но чиј темел не се наоѓа на каменот – Христос, внатре во очистеното срце од страстите; и кој не е проткаен од арматурата на Божјата благодат што од таму извира. Таквиот „духовен живот“ паѓа како кула од карти и при најмалото ветре на искушението, а камо ли при некое поголемо искушение – кое како надојдена вода, носи сѐ невтемелено, пред себе.

Токму кон ова цврсто втемелување на нашиот православен духовен живот нѐ води извршувањето на Христовите заповеди. Оној што не го става својот ум во процес на исцеление, преку послушание на својот духовен отец – Епископот на локалната Црква или на од него поставени и нему послушни духовници, и кој не ја насочува молитвено енергијата на својот ум кон нејзината суштина во срцето, таквиот напразно повикува: „Господи, Господи!“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img