Папата успешно опериран

Date:

Share post:

Папата Лав XIV денеска попладне беше успешно опериран во римската болница „Џемели“, каде што му беше отстранет мал јазол од белите дробови. Ватикан во официјалното соопштение потврди дека хируршкиот зафат поминал добро и според планираното, пренесува „Ројтерс“.

Седумдесет и едногодишниот папа бил примен во болницата претходно во текот на денот. Тој претходно изјавил дека израстокот бил откриен во рана фаза, за време на неодамнешен лекарски преглед. Според информациите од прес-службата на Ватикан, се очекува закрепнувањето на папата да трае приближно една недела.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img