Македонците во Хрватска ја одбележаа Голема Богородица, гости им беа риечкиот католички надбискуп и свештеници

Date:

Share post:

Македонската православна заедница во Риека ја одбележа Голема Богородица со Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Цар Константин и Царица Елена“, а меѓу гостите беа и католичкиот надбискуп на Риека, монс. Мате Узениќ, и монс. Сањин Францетиќ. На крајот од богослужбата, во знак на почит и пријателство, надбискупот Узениќ и Митрополитот Европски г. Пимен разменија икони.

Со празничната Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со парохискиот свештеник отец Дејан Белчовски.

Во храмот се собра бројниот верен народ од македонската православна заедница во Риека, кој заеднички го прослави празникот Успение на Пресвета Богородица и се причести.

Особено внимание предизвика присуството на риечкиот католички надбискуп монс. Мате Узениќ, кој по завршувањето на Литургијата му подари на митрополитот Пимен икона на Пресвета Богородица Трсатска.

Митрополитот Европски, возвраќајќи го дарот, му подари на надбискупот Узениќ икона на Пресвета Богородица.

Размената на иконите беше во знак на почит, пријателство и христијанско заедништво меѓу македонската православна заедница и Католичката црква во Риека.

Празничното одбележување продолжи со Трпеза на љубовта и дружење во просториите на Македонското културно друштво „Илинден“ во Риека.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img