Архиепископот Елпидофорос во Стејт департментот: Разговарале за верските слободи и повторното отворање на Халки

Date:

Share post:

Архиепископот на Америка Елпидофорос остварил средба во американскиот Стејт департмент со помошникот државен секретар за демократија, човекови права и труд Рајли Барнс.

Средбата била посветена на прашања од заеднички интерес, меѓу кои заштитата на верските слободи, состојбата на верските заедници во светот и повторното отворање на историската Богословска школа на Халки.

Како што соопшти Американската архиепископија, во разговорот било истакнато дека во последниот период се постигнати значајни поместувања во напорите за повторно отворање на Халки, која е затворена повеќе од половина век.

Елпидофорос нагласил дека прашањето за Халки не е значајно само за Вселенската патријаршија и православните верници, туку претставува и прашање на верските слободи и човековите права.

На средбата била разгледана и положбата на христијаните на Блискиот Исток, при што архиепископот и Барнс разговарале за потребата од нивна заштита, безбедност и целосно остварување на верските слободи.

Особено било нагласено значењето на зачувувањето на христијанското присуство во земјите каде што христијанството постои уште од апостолско време.

Според Американската архиепископија, разговорот се фокусирал и на потребата христијанските заедници на Блискиот Исток да можат слободно и безбедно да живеат, да го исповедаат своето верување и да ги продолжат своите активности.

Прашањето за повторното отворање на Богословската школа на Халки е едно од долгогодишните прашања во односите меѓу Вселенската патријаршија и турските власти. Школата е затворена во 1971 година, а нејзиното повторно отворање со години е меѓу главните барања на Вселенската патријаршија во областа на верските слободи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img