Митрополитот Георгиј се сретна со В.Д. американската амбасадорка

Date:

Share post:

Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј на 20 август остварил средба со вршителката на должноста амбасадор на САД во Северна Македонија, Никол Варнс.

Како што информираат од Дебарско-кичевската епархија, на средбата било разговарано за духовното и културното наследство на Охрид и неговото значење за православното христијанство.

Во разговорот било истакнато дека Охрид со векови е едно од значајните духовни средишта на православниот свет и важен дел од христијанското и културното наследство на овие простори.

Митрополитот Георгиј и американската дипломатка разговарале и за потребата од зачувување и афирмирање на ова наследство.

Од епархијата оценуваат дека неговото значење ги надминува границите на православниот свет и на Македонија, бидејќи претставува дел од поширокото културно и духовно наследство на Европа и светот.

Средбата се одржа во време кога заштитата на културното и духовното наследство на Охрид останува едно од значајните прашања поврзани со зачувувањето на историскиот карактер на градот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img