Свештеник на МПЦ-ОА: „Браво за Пехчево“ – и свештениците се спротивставуваат на изградбата на дата-центри

Date:

Share post:

Сѐ погласно се слушаат реакциите против плановите за изградба на дата-центри во Македонија, а меѓу оние кои јавно заземаат став се и свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Свештеникот Стеван Здравевски од Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА преку објава на „Фејсбук“ го поздрави ставот на Пехчево, кое се спротивставува на изградбата на дата-центри, и упати порака за заедништво и отпор кон владините планови.

„Браво за Пехчево. Ако сите и секаде во Македонија вака, сме сложни, нема да успеат да нѐ поробат слугите на сатанта!“, напиша Здравевски.

Неговата реакција доаѓа во време на зголемена јавна дебата околу идејата на Владата за привлекување големи инвестиции во дата-центри и изградба на инфраструктура за развој на центри за податоци во земјата.

Со својата објава, свештеникот се приклучува кон јавните реакции од граѓани и локални заедници кои се спротивставуваат на ваквите проекти, особено поради прашањата поврзани со потрошувачката на електрична енергија и вода, влијанието врз животната средина и користењето на локалните ресурси.

1 COMMENT

  1. Дунав пресуши од претерана експлоатација за потреби на дата центри. Дунав. А сите знаат дека дата центрите носат приходи за општеството само во текот на изградбата, подоцна вработуваат неколку луѓе технички персонал. Веќе се на повидок похумани оперативни модели коишто можат да ја заменат нивната улога.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img