120 училишни ранци за деца од социјално загрозени семејства во Охрид

Date:

Share post:

Децата од социјално загрозени семејства во Охрид и оваа година ќе ја почнат учебната година со нови училишни ранци и прибор, благодарение на хуманитарната акција што ја спроведува организацијата „Свети Спас“, со поддршка од „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“.

Оваа година се обезбедени вкупно 120 училишни ранци, исполнети со неопходен прибор за успешно следење на наставата.

Вчера во Охрид беа поделени првите 30 ранци и комплети училишен прибор на дел од децата од социјално загрозени семејства. Во акцијата учествуваше и митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј.

Од хуманитарната организација „Свети Спас“ посочуваат дека „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ секоја година ја поддржуваат акцијата со која им се помага на семејствата кои имаат потешкотии да ги обезбедат потребните средства за почетокот на учебната година.

Митрополитот Георгиј се заблагодари за донацијата и за несебичната поддршка на децата и семејствата.

Акцијата продолжува со распределба на останатите ранци на децата опфатени со програмата за помош на социјално загрозени семејства.

„Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие“, порачаа организаторите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img