Зошто Папата ја одбегнува родната Аргентина

Date:

Share post:

Папата Франциск во понеделник по шести пат патува во Латинска Америка, но повторно нема да ја посети неговата родна Аргентина, одлука која отвори низа на прашања во светските медиуми.

„На секое свое патување папата ризикува да биде изманипулиран, но во Аргентина таквиот ризик би бил најголем“, вели италијанскиот историчар, Џани Ла Бела.

Во својот досегашен понтификат, Франциск посети голем дел од Латинска Америка односно папата беше во Бразил, Парагвај, Боливија, Куба, Еквадор и Колумбија. Сега ќе оди во Чиле и во Перу.

На сите патувања, папата повикува на помирување и дијалог.

Многу аналитичари од Ватикан и Аргентина сметаат дека ваквите пораки би имале посебно значење во неговата татковина, каде што истите често се толкуваат како политичка интервенција или „стрели“ насоечени кон екстремно либералниот аргентински претседател, Маурицио Макри.

„Мислам дека Франциск стравува оти силната поларизација на општеството во Аргентина штетно ќе се одрази на неговата пасторална функција“, наведува Ла Бела, кој минатата година беше во придружба на папата при посетата на Колумбија, земја растргната од педесетгодишната граѓанска војна.

„Тој секогаш бил гласник на култура на дијалог, единство и работа за доброто на заедницата“, вели аргентинскиот социјален активист Густаво Вера. „Мислам дека, од друга страна, Аргентина и не еволуираше во котекст на примена на дијалог како решение на проблемите“, додава тој.

„Одлуката на папата да не дојде во земјата каде што поминал поголем дел од својот живот изгледа многу лична“, смета Вера.

„Тој не сака да биде фактор на поделба, опортунизам и пристрасност. Мислам дека Аргентина ја чува за крај и дека ќе дојде во својата сакана земја и татковина, кога ќе се почувствува како фактор за дијалог и заедништво“, потенцира Вега.

/МАКФАКС

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...