Почетна Вести Христијанство Деца во религиозни поворки за Европа е традиција, за Македонија проблем
Деца во религиозни поворки за Европа е традиција, за Македонија проблем

Деца во религиозни поворки за Европа е традиција, за Македонија проблем

636
0

Бадниковите поворки во кои учествуваа над 7000 деца предизвикаа големи реакции, а дел од критиките беа дека децата биле злоупотребени во верски цели и на тој начин бил прекршен и принципот на секуларноста. Но искуствата од западните општества, едни од најсекуларните покажуваат дека одбележувањата на верските празници со вакви и слични поворки во кои учествуваат деца, па и училишта и државни институции, не само што не е злоупотреба, туку е еден вид и традиција на тие општества со години.

Отец Милан Ѓорѓевиќ сподели на својот Фејсбук профил едно такво искуство од Германија.

-Учеството на децата во јавното прославување на верските празници не само што не е несвојствено за европската граѓанска култура, туку е нејзин својствен дел. Еве само еден пример што ми е непосредно познат од времето кога живеев во Келн – детските поворки за римокатоличкиот празник свети Мартин. Подготовките почнуваат уште неколку седмици порано, кога во црквите, училиштата и градинките започнуваат со работа групи за „Basteln“ (зборче што означува работа со сечење, боење, лепење на хартија, платно и други материјали) на кои дечињата самите ги прават и украсуваат хартиените фенерчиња, кои за време на поворката ќе ги носат. Групите во училиштата и градинките ги водат наставниците и воспитачите, а во црквите тоа го прават социјалните работници вработени во нив, или родители-волонтери. Поворката традиционално започнува на 10. ноември во 17 часот со миса во келнската катедрала, а завршува во црквата Голем Свети Мартин. Поворките се официјално поддржани и промовирани од градот Келн, напиша Отец Милан на Фејсбук.

ЛИНК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *