Вселенскиот патријарх Вартоломеј упати честитка до новиот македонски премиер Ковачевски

Date:

Share post:

Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вартоломеј испрати пораки со честитки од името на Вселенската Патријаршија до новоизбраниот македонски премиер Димитар Ковачевски.

Неговата Сесветост на Ковачевски му посака плодотворна и успешна служба.

Веста ја објави Вселенската Патријаршија во соопштение во кое го честита и изборот на новата претседателка на Европскиот Патрламент, Роберта Мецола.

-Неговата Божествена Сесветост, Патријархот, испрати пораки со честитки од името на Вселенската Патријаршија до новоизбраните:

а) Претседателката на Европскиот парламент, Превосходната г-ѓа Роберта Мацола и

б) Премиерот на Северна Македонија, Превосходниот г-дин Димитар Ковачевски. Неговата Сесветост на обајцата им посака плодотворна и успешна служба, пишува во официјалното соопштение од Вселенската Патријаршија.

За одбележување е дека ова е прв пат во рамки на протоколарните писма на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј да се најде и Македонија и за тоа јавно да објави Вселенската патријаршија.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here