Почетна Вести Европа ВОНРЕДНО: Нов антиканонски УПАД на Руската Црква во Грузија, веднаш после Александрија
ВОНРЕДНО: Нов антиканонски УПАД на Руската Црква во Грузија, веднаш после Александрија

ВОНРЕДНО: Нов антиканонски УПАД на Руската Црква во Грузија, веднаш после Александрија

392
1

Продолжува антиканонската активност на нелегално изградениот храм на Руската Црква во Цхинвали, главен град на окупираната територија на Грузија, самонаречената Јужна Осетија, за чија изградба не беше добиена дозвола од канонската власт на епархијата – Грузиската Патријаршија.

Официјално, се смета дека Руската Црква ја признава јурисдикцијата на Грузиската Патријаршија врз Цхинвали, иако „истоверната“ Русија и нејзината Црква очигледно лажат и веќе отворено ги пречекоруваат канонските области на Апостолската Автокефална Православна Црква на Грузија.

Овој упад на Руската Црква во канонските граниви на древната Грузиска Православна Црква веќе трае низа години, спротивно на свештените канони на Православната Црква. Слична состојба владее и во друга окупирана територија на Грузија, во Абхазија, која политички беше окупирана од војската на Руската Федерација и потоа следуваше нејзина црковна, антиканонска окупација.

Како што е познато, претстојателот на Грузиската Православна Црква, Архиепископот на Мцхета и Тбилиси и Митрополит на Сухуми и Абхазија и Католикос Патријарх на цела Грузија, г. Илија, повеќе пати го има изразено својот протест и осуда на антиканонските дејствија на Руската Црква, но таа продолжува со тоа дури до денес. Треба да се забележи дека Московскиот Патријарх г. Кирил, кога се обраќа кон претстојателот на Грузиската Патријаршија, не ја прифаќа и не ја признава неговата канонска титула на Митрополит на Абхазија.

Во окупираните територии на Цхинвали и Абхазија, Руската Црква официјално и отворено испраќа клирици кои го спомнуваат Патријархот Кирил и неканонски извршуваат богослужение. Овојпат руските клирици богослужеа за Божик и Богојавление, игнорирајќи ги канонските ингеренции Грузискиот Патријарх г. Илија.

/ИЗВОР

Коментар(1)

  1. Господа свештеници,
    Се’ додека не ја слушнеме спротивната страна која е на обвинителна клупа – Руската Православна Црква, не сметајте дека ќе бидете прифатени како чесни и објективни известувачи на вести од настаните во Православните Цркви.
    Постои почеток на длабок раскол, за жал, и во нашата света Православна вера.
    Јас лично го констатирав тоа со Вселенскиот собор на Православните Цркви одржан во Грција, кога Руската Црква не беше поканета на овој Вселенски собор, а и беше изиграна од страна на Српската црква. Покасно се установи дека всушност ЦИА ( CIA ) поткупила со големи пари високи црквени лица ( што е голем грев и срам ) за да прифатат начин на понашање и агенда според планот на ЦИА, имајќи го на мета влошување на односите меѓу Руската Црква и останатите Православни Цркви во светот.

    Тоа не е прв пат ЦИА да и наштети на Руската Црква . ЦИА искова планови и успешно ги спроведе поделувајќи ја Православната Црква во Украина на Руска и Украинска Православна Црква.
    Знаете кој е тој што дели и поделува – сатаната.
    Затоа, пред да клеветите, прашајте се попрво кој има влезено во Македонската Православна Црква та толку ја клевети една братска Црква.
    Јас лично немам ништо заедничко со Руската Црква.
    Меѓутоа ако продолжите со оговарања и клеветења без да ја чуете спротивната страна и без да ги знаете точно најприкриените нијанси / ситуации од овај раскол, јас лично се откажувам од Македонската Православна Црква и ќе станам верник на Руската Црква. Во странство сум, живеам близу до една Руска Православна Црква, и без никаков жал ќе ве откорнам од срцево.
    Запамтете , ЦИА не е вашиот пријател.
    Post Scriptum : Знам многу повеќе отколку што напишав.
    ЦИА не е вашиот пријател.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *