Во Подградец уапсен повратник од Сирија, поседувал експлозив и муниција

Date:

Share post:

Албанската полиција го уапсила Ервин Дука, од селото Гура, кај Подградец, кој дома чувал експлозив и муниција.

Полицијата од обвинителството го побарала негово итно апсење, по информациите за експлозивот, јави тиранската телевизија Топ чанел.

podgradecЕвин Дука(29), татко на едно дете, делумно парализиран од здобиените повреди како припадник на ИД во Сирија, по враќањето од тамошните боишта постојани бил набљудуван од страна на полицијата.

Обвинителството и полицијата потврдуваат дека тој за Сирија заминал во 2013 година со група млади луѓе од нивното планинско село, а биле под влијание на веќе уапсените самопрогласени имами во Тирана. Дел од нив со себе ги земале и семејствата.

Тој е еден од шесттемина албански државјани ранети во една битка во Сирија, во 2014 година, кои најпрво биле однесени на лекување во Турција, а од таму во Лариса во Грција, по што дел од нив си дошле дома, а другите повторно се вратиле во Сирија.

Неговото апсење следува по апсењето, минатиот петок, на четири лица во Скадар, за кои постоеле сознанија дека подготвуваат терористички напади, а кои врз основа на прислушуваните телефонски разговори добивале наредби директно од најбараниот терорист-Албанец, косовецот Лавдрим Мухаџери, водачот на албанските џихадисти во Сирија. Тој, од сега, уапсените барал еден од нападите да биде на фудбалскиот натпревар Албанија-Израел.

Меѓу четворицата уапсени е и поранешен припадник на албанската армиска специјална единици-Командоси, кој требало да ја подготви бомбата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...