Почетна Верски туризам Археологот Митревски: Требаше да поминат 50 години за да добиеме шанса да го ископуваме Кале
Археологот Митревски: Требаше да поминат 50 години за да добиеме шанса да го ископуваме Кале

Археологот Митревски: Требаше да поминат 50 години за да добиеме шанса да го ископуваме Кале

73
0

Денес сум уверен дека ќе го дочекам денот кога некое мало Јапонче ќе ја држи в раце оваа книга и со неа ќе се качи на Kале да ги разгледа музите каде што ќе бидат изложени сите предмети што ги пронајдовме. Тогаш ќе бидам среќен. Со овие зборови археологот и професор Драги Митревски вчера се обрати пред преполната сала на скопскиот Филозофски факултет на промоцијата на војата книга „Скопската тврдина Kале – од праисторија до рана антика“, која произлезе од долгогодишните систематски археолошки истражувања на локалитетот. Монографијата претставена на повеќе од 300 страници, со многу фотографии, илустрации, планови и табли, на македонски и на англиски јазик од печат ја издаде „ПНВ публикации“. Пријатната атмосфера ја направија присутните, професори, негови колеги, веќе дипломирани и студенти од кои голем дел учествуваа во ископувањата.

mia-1Преку зборовите што направил тој самиот, кога сите што ги гледа пред себе на свој начин придонеле обемното монографско издание да излезе од печат, Митревски им се заблагодари на сите, на своето семејство, на колегите.

– Сe почна од една обична средба со Паско Kузман, тој инсистираше дека мора да почне да се работи на Kале. Обајцата разговараме што би била Атина ако го нема Акропол или Белград без Kалемегдан? Тоа беше Скопје без Kале. Требаше да поминат 50 години за да дојде некој и безрезервно да ни даде шанса да го ископуваме. Некогаш дури 500 луѓе работеа на локалитетот. Благодарам што добивме шанса, од која произлезе овој труд – рече Митревски.

mia-3Уводен говор одржа професорката, академик Вера Битракова-Грозданова, која мина децении на катедрата за Историја на уметноста и археологијата. Среќна што по подолго време се враќа во ходниците каде што го мина сиот работен век, Битракова-Грозданова нагласи дека книгата на Митревски е плод на долгогодишни истражувања, на вложен голем теренски напор да се дојде до ова монографско издание.

– Знаејќи ја стручната посветеност на Митревски, кој истражуваше многу локалитети по долината на реката Вардар, од Преспа до Kнежје… можеме да ја сумираме неговара научна страст и длабока посветеност. Еден олку слоевит археолошки локалитет како Скопското кале можеше само Драги Митревски да го истражува. Тој откри многу новини и слабости на старите истражувачи. Но, археологијата секако дека служи да ја одгонетнува и испишува вистината – рече таа.

mia-7Според Битракова-Грозданова, преку книгата ќе научиме дека најстарата населба од праисториската епоха му припаѓала на енеолитот, а сето тоа е потврдено со типични артефакти во најдлабоките слоеви на земјата.

– „Приказната“, како што често вели Митревски, почнува од праисторијата, енеолитот, 4., 3., 2. милениум пред новата ера, преодот во железната епоха, па следната фаза ја дефинира во 5 и 4 век пр.н.е. – раната антикал која веќе може да се одреди хронолошки и културолошки, со присуство на Агријаните, односно Пајонците, толку силно свртени кон цивилизираниот антички свет на југот, а тоа се потврди и со пишани и со материјални докази – рече Битракова-Грозданова, која се осврна на сите десет евидентирани хронолошки фази.

mia-6Пред присутните се обрати и министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска. Таа нагласи дека скопската тврдина е незаобиколив пункт во познавањето на балканската праисторија, средновековието и отоманскиот период.

– Затоа овој локалитет, неговата соодветна заштита и промоција беше еден од нашите приоритети. Убедена сум дека целото богатство на документиран материјал сублимиран во монографијата ќе биде стожерна литература за сите што ќе сакаат да ги сознаат вистинските вредности на скопската тврдина. Со ревитализацијата овој локалитет ќе биде голема културна и туристичка провокација за нашите граѓани и за посетителите од странство – рече Kанческа-Милевска.

БИТРАКОВА-ГРОЗДАНОВА: ПРИМЕР КАКО ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ЕДНО АРХЕОЛОШКО ИСТРАЖУВАЊЕ

Во изминатите десет години имавме толку многу археолошки истражувања и резултати колку што сме немале во изминатите 50 години, рече академик Вера Битракова-Грозданова.

mia-5– Ние, старите генерации се измачувавме со ситни пари да придонесеме за науката. Сега вие младите имате толку многу можности. Пишувајте, истражувајте и огледајте се на професорите, кои добро ве учеле! Оваа книга е пример како треба да заврши едно археолошко истражување, еден труд – рече Битракова-Грозданова.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *