Во Дебреште пуштена нова џамија

Date:

Share post:

На пригодна свеченост, со верски обреди, вчера во атарот на гостиварското село Дебреше беше пуштена во употреба нова џамија.

Новиот верски објект во месноста „Тафовиот бунар“ со сечење лента го отворија поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Сулејман Реџепи, гостиварскиот муфитија Шаќир Фетаху, министерот за култура Асаф Адеми, како и претставници од општините Гостивар и Врапчиште.

Петочната молитва за верниците ја служеше скопскиот муфтија Ќенан Исмаили.

Муфтијата Фетаху во обраќањето нагласи дека во Дебреше сега има четири џамии и се создадени услови за богослужење и верска настава.

Џамијата почна да се гради во 2013 година со доброволни прилози на верниците.

Во Дебреше бројот на џамии на територијата со која управува гостиварската муфтинија сега достигна 71.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...