Почетна Празници Денеска се слават светите маченици Трофим и Теофил
Денеска се слават светите маченици Трофим и Теофил

Денеска се слават светите маченици Трофим и Теофил

32
0

Верски календар: 05 Август 

МПЦ-ОА/ Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив

Mucenici-620x350Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставани на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган. Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. Но Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија во 308 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *