На плоштадот Свети Петар, во Ватикан, се одржа инаугуративна миса, предводена од папата Лав 14-ти, со што официјално ја започнува неговата служба како 267-ми поглавар на Римокатоличката црква.
На литургиската служба присуствуваа делегации од 150 земји и десетици илјади верници. МПЦ-ОА ја претставуваше Европскиот митрополит Пимен.
На папата му беа врачени официјалните симболи на неговата папска функција – на прстот му беше ставен рибарски прстен, што ја симболизира врската на папата со Свети Петар. Прстенот се уништува или крши по смртта на папата.
Во говорот, папата Лав 14-ти повика на единство и помирување во црквата и светот, нагласувајќи ја улогата на Католичката црква.

