Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски

Date:

Share post:

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој говореше на Плоштадот Свети Петар за „маченичката Украина“ и „исчекувањето на преговори за праведен и траен мир“, за првпат во приватна аудиенција го прими нејзиниот претседател Володимир Зеленски, во придружба на сопругата Олена.

– Ви благодарам за трпението поради чекањето. Морав да ги поздравам сите делегации кои присуствуваа на инаугуративната миса, им рече папата дочекувајќи ги, се гледа на видео снимката што ја објави Ватикан.

На крајот на мисата со која беше одбележан почетокот на неговиот понтификат, на која присуствуваа и шефови на држави, вклучувајќи го и Зеленски, Лав XIV јавно ги изговори зборовите дека „Украина конечно чека преговори за праведен и траен мир“.

Украинскиот претседател на социјалните мрежи изрази благодарност на Неговата Светост за аудиенцијата.

– За милиони луѓе ширум светот, Понтифот е симбол на надеж за мир. Авторитетот и гласот на Светата Столица можат да играат важна улога во доведувањето на оваа војна до крај. Му благодариме на Ватикан за неговата подготвеност да служи како платформа за директни преговори меѓу Украина и Русија. Подготвени сме за дијалог во секој формат со цел опипливи резултати. Ја цениме поддршката за Украина и јасниот глас во одбрана на праведен и траен мир, напиша Зеленски.

Претходникот на Лав XIV, папата Франциск, постојано се залагаше за мир во Украина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...