Новиот директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски ја презеде директорската функција.
Меѓу првите гости во неговиот кабинет биле претставници на Македонската Православна Црква – ОА.
На средбата присуствувале двајцата митрополити г.Јосиф –Тетовско-гостивасрски и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, заедно со Архимандритот Григориј.
Според соопштението на Тетовско-гостиварската епархија, претставниците на МПЦ-ОА и директорот на КОВЗ, разговарале за современите предизвици на Македонската православна црква во Македонското општество.

