Владиците Јосиф и Јосиф на гости кај Пимен во Шведска

Date:

Share post:

Европскиот Митрополит г. Пимен одбележа четири години од осветувањето на новоизградената црква Свети Наум Охридски во Малме Шведска, црква која воедно е и Соборен Храм на Европската Епархија. Во исто време беа одбележани и 13 години од камен темелникот на оваа црква, како и 50 години од возобновувањето на МПЦ-ОА.

-По молитвите на нашиот патрон, умножи Господи вера и јубилеи, напиша Отец Пимен на својот Фејсбук профил.

Годинава јубилејот беше прославен и со присуство на уште двајца архиереи од Синодот на МПЦ. Гости на Владиката г. Пимен му беа митрополитите г. Јосиф Тетовски и г. Јосиф Кумановски. Тројцата владици на МПЦ денеска отслужија литургија.

Претходно во саботата на 21.10.2017 година со благослов на надлежниот епархиски архиереј на Европската Епархија г. Пимен во храмот свети Наум Охридски во Малме – Шведска,  Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф заедно со парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Козарски богослужеа вечерна богослужба.

ГАЛЕРИЈА:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...