Европскиот Митрополит г. Пимен одбележа четири години од осветувањето на новоизградената црква Свети Наум Охридски во Малме Шведска, црква која воедно е и Соборен Храм на Европската Епархија. Во исто време беа одбележани и 13 години од камен темелникот на оваа црква, како и 50 години од возобновувањето на МПЦ-ОА.
-По молитвите на нашиот патрон, умножи Господи вера и јубилеи, напиша Отец Пимен на својот Фејсбук профил.
Годинава јубилејот беше прославен и со присуство на уште двајца архиереи од Синодот на МПЦ. Гости на Владиката г. Пимен му беа митрополитите г. Јосиф Тетовски и г. Јосиф Кумановски. Тројцата владици на МПЦ денеска отслужија литургија.
Претходно во саботата на 21.10.2017 година со благослов на надлежниот епархиски архиереј на Европската Епархија г. Пимен во храмот свети Наум Охридски во Малме – Шведска, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф заедно со парохискиот свештеник протоереј-ставрофор Блажо Козарски богослужеа вечерна богослужба.
ГАЛЕРИЈА: