„Византија во дијалог“ е книга од отец Милан Ѓорѓевиќ, чија промоција ќе биде в четврток на 12 мај во свечената сала во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје
Промотор на книгата е Академик Витомир Митевски, а на промоцијата ќе зборуваат и Архиепископот Стефан и деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓоргевски.
Авторот на книгата, отец Милан Ѓорѓевиќ е професор и продекан за наука и меѓународна соработка на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје.
На промоцијата ќе настапи и византискиот хор „Хармосини“.
