Почетна Вести МПЦ сериозно загрижена апелира да се смират страстите
МПЦ сериозно загрижена апелира да се смират страстите

МПЦ сериозно загрижена апелира да се смират страстите

4.93K
0

Архиепископскиот управен одбор на Македонската православна црква – Охридска архиепископија искажува загриженост за актуелните состојби во државата и упатува повик до верниците и до сите граѓани на Република Македонија за надминување на состојбата во насока на меѓусебно помирување и зацврстување на заедништвото преку одговорно однесување засновано врз взаемна почит и разбирање.

arhiepiskopija MPC 2Архиепископскиот управен одбор ги повикува и сите одговорни лица и институции да сторат усилби за одбрана и сочувување на националниот идентитет, името и опстојување на унитарноста на државата Република Македонија.

Овој апел на Архиепископскиот управен одбор на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е по редовното работно заседание одржано денеска во просториите на Македонската архиепископија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *