Вистината за Македонците и Македонија во Библијата

Date:

Share post:

„Македонија и Македонците во Библијата“ е најновата книга на еминентниот универзитетски професор д-р Ратомир Грозданоски од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Станува збор за научно дело од областа на Богословијата, што за прв пат е разработено во Македонија. Самиот наслов на книгата ја открива една од најинтересните теми поврзани со Библијата, Македонија и Македонците.

Професорот Грозданоски, опишувајќи што всушност е книгата, вели дека ова е ЕВАНГЕЛИЕ за секој македонски дом и за нашето поколение.
– За да си ја знаеме библиската вистина за нас. Да го знаеме нашето библиско име и на други да кажуваме. Еве го Божјиот збор за МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ, запишани во Библијата. Божјо сведоштво! Божја вистина!, вели професорот Грозданоски.

Целиот текст на книгата е напишан на македонски и на англиски јазик, во колор, збогатена со илустрации и е испечатена на најквалитетна хартија.

Рецензенти на ова капитално дело се Академик Ѓорги Поп Атанасов и деканот на Богословскиот факултет, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. Изданието на книгата е со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Книгата ја има во книжарниците на ТРИМАКС, КУЛТУРА и ИКОНА, како и по црквите и манастирите. Ова вредно дело кое треба да се прочита можете да го набавите и преку интернет СО НАРАЧКА преку овој ЛИНК.

Во продолжение прочитајте го Предговорот на книгата од Авторот.

П  Р  Е  Д  Г  О  В  О  Р

Бог говори за Македонија.

А што кажал Бог за Македонија? Ги спомнува ли Македонците?

Ја пишува ли Македонија во Библијата?

Има ли Македонци во Светото писмо?

Се спомнуваат ли македонски цркви во Библијата?

Дали е сето ова вистина? Така ли пишува и во твојата Библија?

А кој го напишал тоа? Кога и за кого? Чија е таа желба и по чија волја?

Само еднаш ли е тоа запишано некаде во Библијата, случајно, неважно и непотребно, како на грешка?

Не еднаш, туку скоро триесетпати е запишано; не е неважно и непотребно, туку со особено значење и не е отпосле додадено, туку е во библискиот текст од секогаш до денес ‒ го има и во најстарите и во најновите Библии, на најстарите и најсовремените јазици.

Токму тоа ви го нудиме во оваа книга, драги читатели.

Повелете, прочитајте ја и уверете се.

Ви ги посочуваме издвоени библиските текстови и тоа на 7 јазици, а некои од нив ги објаснуваме. Овде се покажува дека Бог говори за Македонија, за Македонците и за македонските цркви.

Тоа го кажуваме јасно и гласно пред сите и за сите. Напишаново го потврдуваме со Божјиот збор. Ви го посочуваме зборот Божји за оваа вистина. А Божјиот збор е запишан во Библијата, за потребите на луѓето. Божји се зборовите, сведоштвата и фактите што ви ги претставуваме во ова издание. Тие се видни и се јасни за сите луѓе во светот и на сите јазици, бидејќи Библијата е најраспространетата книга во човештвото, па секој може напишаново да го прочита, да го провери и да се увери во богоискажаната вистина. Истото го пишува, драги мои, и во вашата Библија на вашиот јазик. Прочитајте го и уверете се. Оваа вистина во Светото писмо ја запишале светиот апостол Павле и светиот апостол Лука, вдахновени и водени од Бога. Ова е Божјо сведоштво, по Божја волја и со Божја промисла ‒ Божја, не човечка.

И најпосле, сигурно е поважно како е запишано во Божјите книги отколку во човечките, како е напишано на небото отколку на земјава, како е пред Бога отколку пред луѓето, таму отколку овде, во вечноста, а не во сегашноста. А библиското е Божјо, а Божјото е вечно.

Повелете, прочитајте и видете коков е Божјиот збор, библискиот текст и библиското време за Македонија и за Македонците. Ви благодарам.

/Религија.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српската национална телевизија ги прогласи Брсјаците за Срби

Брсјаците, заборавеното српско племе, е насловот на документарната емисија што ја објави српската РТС, во која оваа македонска...

Не лажен поп, туку расчинет свештеник бил приведен на гробиштата во Ѓорче Петров

Поранешен свештеник на МПЦ-ОА од Ѓорче Петров, кој неколку години е расчинет, бил приведен од полиција за Задушница,...

Пожар во македонска црква во САД – икона остана недопрена

Неколку дена пред прославата на светата Параскева – Петка, параклисот посветен на оваа светителка, при Македонската Православна Црква...

Косово ја потврди забраната за носење хиџаб во јавните училишта

Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката на Министерството за образование која забранува носење хиџаб во јавните училишта,...