Почетна Вести Регион Рускиот патријарх пречекан во Тирана со високи почести
KIRIL TIRANA 2
KIRIL TIRANA 3
KIRIL TIRANA 4
KIRIL TIRANA 5
KIRIL TIRANA 6
KIRIL TIRANA 7
KIRIL TIRANA

Рускиот патријарх пречекан во Тирана со високи почести

213
0

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил во саботата попладне пристигна во аеродромот “Мајка Тереза”, во Тирана, во првата историска посета на Албанија.

Рускиот патријарх е придружуван од Митрополитот Иларион, директор за надворешни односи на Патријаршија, Архиепископот Сергеј Солнечногорскут, административен секретар на Патријаршијата, Првосвештеникот Николај Балашов, Првосвештеникот Игор Икимчук, Првосвештеникот Андреј Бондаренко и Александар Волков.

Патријархот Кирил беше пречекан од Архиепископот на Албанската православна црква, Анастасиј.

Во соборниот храм “Воскресение Христово” – во Тирана тој беше пречекан од многу свештеници и верници не само од Архиепископијата, туку и од сите Митрополии.

Поради посетата на Рускиот патријарх во Тирана има засилени безбедносни мерки од страна на министерството за внатрешни работи и албанската тајна служба, а за неговата безбедност ќе се грижи и специално руско обезбедување, кое е секогаш во придружба на Патријархот московски и на цела Русија Кирил.

/FOTO: vesnik-ilinden.com

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *